Министерството за транспорт и врски склучи договори за изработка на техничка документација на ниво на основен и изведбен проект за магистралната линија на гасоводен систем во Република Македонија во вредност од 2,7 милиони евра. Како што е соопштено најповолен понудувач за изработка на техничка документација за магистралниот гасовод од Клечовце до Неготино во должина од околу 100 км е скопската компанија „Прима Инженеринг“ ДОО. За магистралниот гасовод од Неготино до Битола во должина од околу 100 км, како и од Чвор Штип до Чвор Хамзали во должина од околу 60 км, е склучен договор со компанијата ОАД „Укргазпроект“, од Киев, Украина. Техничка документација на ниво на Основен и Изведбен проект за магистрален гасовод од Чвор Хамзали до Стојаково во должина од околу 50 км, ќе подготвува конзорциумот „DIWI Cosult International GmbH“, од Есен, Германија и „ДИВИ Консалт Интернационал Македонија“, од Скопје, Република Македонија.
Министерството за транспорт и врски склучи договори за изработка на техничка документација на ниво на основен и изведбен проект за магистралната линија на гасоводен систем во Република Македонија во вредност од 2,7 милиони евра.
Како што е соопштено најповолен понудувач за изработка на техничка документација за магистралниот гасовод од Клечовце до Неготино во должина од околу 100 км е скопската компанија „Прима Инженеринг“ ДОО.
За магистралниот гасовод од Неготино до Битола во должина од околу 100 км, како и од Чвор Штип до Чвор Хамзали во должина од околу 60 км, е склучен договор со компанијата ОАД „Укргазпроект“, од Киев, Украина.
Техничка документација на ниво на Основен и Изведбен проект за магистрален гасовод од Чвор Хамзали до Стојаково во должина од околу 50 км, ќе подготвува конзорциумот „DIWI Cosult International GmbH“, од Есен, Германија и „ДИВИ Консалт Интернационал Македонија“, од Скопје, Република Македонија.
Избраните компании треба да достават банкарски гаранции, а проектите кои чинат 166.174.475 денари без ДДВ, треба да бидат завршени за 12 месеци.